[ВИДЕО] Покажала трик за совршена кајгана, луѓето ја исмеваат: „Немој повеќе ништо да објавуваш“

Точка

26/02/2026

16:43

570

Големина на фонт

а а а

Една жена предизвика бурна расправа на интернет откако објави видео во кое прикажува начин на подготовка на кајгана за кој тврди дека е единствениот „исправен“.

Во снимката на Инстаграм, која стана вирална, жената крши четири јајца директно во тавата, наместо прво да ги измати во сад, па најнапред ги запржува белките, а дури потоа во нив ги вмешува жолчките.

„Во случај никој да не ве научил како правилно се прави кајгана. Прво ги печете белките. Потоа ги мешате жолчките. Така добивате најбогати и најкремасти јајца. Пробајте, па кажете ми дека грешам“, стои во описот на видеото.


„Никогаш повеќе нема да се вратите на матење јајца во сад пред да ги ставите во тава. Ветувам“.

Бурни реакции

Видеото набрзо стана вирално и собра повеќе од 29,6 милиони прегледи и 184.000 лајкови. Корисниците во коментарите изразија поделени мислења. „Неверојатно! Те молам, никогаш повеќе не објавувај кулинарски содржини“, напиша еден корисник.

Друг се надоврза: „Мислам дека тебе никој не те научил како се подготвуваат јајца...“.

Сепак, имало и такви што ја поддржаа оваа метода. „Ох, Боже, да! Обожавам да ги правам на тој начин“, стои во еден од коментарите.

Авторката по лавината реакции се пошегува на своја сметка: „Направив кремаста кајгана и случајно започнав граѓанска војна...“.


Што велат оние што навистина знаат да готват?

Кога станува збор за кремаста кајгана, готвачите не би се согласиле со методата прикажана во видеото. Според „BBC Good Food“, за најкремаста текстура јајцата прво треба да се изматат во сад со павлака или млеко и прстофат сол, додека смесата не се изедначи.

Потоа во тавата се топи малку путер, смесата се истура и се остава да мирува дваесетина секунди. Дури потоа се препорачува внимателно да се подига смесата од дното на тавата и да се превиткува со дрвена лажица.

Зошто да користите дрвена лажица?

Експертите за готвење одамна ги претпочитаат дрвените лажици, особено при мешање во тава. Порталот „UPMC Health Beat“ наведува дека металниот и тврдиот пластичен прибор може да ги оштети нелепливите површини и да создаде гребнатини во кои може да се задржуваат нечистотии. Од друга страна, дрвените или силиконските лажици и шпатула се понежни кон тавата и попрактични за ваков вид подготовка.