Како парфемот нѝ ја уништува штитната жлезда? Експерт предупредува – никогаш не го нанесувајте на вратот

Точка

26/02/2026

21:19

672

Големина на фонт

а а а

Експертот д-р Матео Басети предупредува дека прскањето парфем директно на вратот, иако е вообичаена практика, може да биде штетно за тироидната жлезда и да го наруши нејзиното функционирање, со можни последици врз метаболизмот.

Се препорачува парфемот да се нанесува на зглобовите, внатрешната страна од лактите или на облеката, каде што ризикот по здравјето е значително помал.

Зошто парфемот е опасен за тироидната жлезда?

Д-р Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во болницата „Сан Мартино“ во Џенова, во своето видео поставил директно прашање: „Дали е здраво да се нанесува парфем директно на вратот?“ – а неговиот одговор беше јасен: „Не, не е здраво“.


„Парфемот на вратот може да биде поштетен отколку што мислите, бидејќи местото каде што се нанесува се наоѓа веднаш над тироидната жлезда – витална жлезда одговорна за регулирање на метаболизмот, енергијата, телесната температура и хормоналната рамнотежа. Дополнително, кожата на вратот е тенка, чувствителна и нема многу лојни жлезди, што ја прави помалку заштитена“ истакнал д-р Басети.

Што вели науката?

Студија објавена во списанието „Environmental Health Insights“ укажува на присуство на ендокрини нарушувачи во мирисните производи, како што се синтетички мошус и деривати на фталати.

„Тоа се супстанции кои, апсорбирани преку кожата или вдишани, можат долгорочно да ја променат хормоналната функција. Затоа, да продолжиме да користиме парфеми со задоволство, но без ризик – со прскање или нанесување на зглобовите, внатрешната страна на лактите и тилот, кои се помалку изложени подрачја. Исто така зад ушите, на облеката или на косата“ објаснил д-р Басети.


Алкохолот исто така може да биде штетен

Според зборовите на специјалистот по инфективни болести, вратот е и клучен центар за лимфна дренажа, бидејќи содржи важни лимфни јазли и садови кои ги филтрираат токсините и ја поддржуваат имунолошката функција. Проблемот е што кожата во овој дел од телото е тенка и чувствителна, а ѝ недостигаат лојни жлезди кои можат да обезбедат заштита од потенцијални негативни интеракции.

Покрај ендокрините нарушувачи и други потенцијално штетни супстанции можат да имаат негативен ефект. Меѓу нив е, на пример, алкохолот, поради што д-р Басети препорачува избор на производи без алкохол. Алкохолот може да ја исуши и да ја сензибилизира кожата, особено при повеќекратно нанесување на истото место.


Овој проблем првенствено се однесува на производи за кои нема доволно гаранции. Значи, не на парфеми со сертифициран квалитет, туку на оние купени онлајн или на улица, каде што често се продаваат фалсификати на познати брендови, чиј точен состав не е познат истакнал д-р Басети.

Внимавајте и на другите состојки

Алкохолот може да се меша и со други супстанции што потенцијално предизвикуваат негативни реакции, како што се некои етерични масла. Иако се природни, како бергамот или горчливиот портокал, тие се фотосензибилизирачки производи. Тоа значи дека можат да предизвикаат проблеми кога се изложени на директна сончева светлина.

Ова се нарекува фототоксичност и може да се појави и со други потенцијално алергиски состојки во парфемите. Ризиците вклучуваат кожни реакции, дури и потешки, кои можат да доведат до трајни дамки и воспаленија. Вратот е особено подложен поради својата положба и чувствителност.


Кој е најмногу загрозен?

Секој е потенцијално изложен на ризик, иако некои можат да бидат повеќе погодени од последиците, како што се лицата кои страдаат од дерматит или нарушувања на тироидната жлезда.

Потенцијалните ризици, во случај на голема изложеност, можат да бидат сериозни, вклучувајќи дерматит, астма, рак на дојка, панкреас, бубрези, простата… заклучил д-р Басети, уште еднаш повикувајќи ги корисниците на парфеми на претпазливост, особено кога станува збор за производи со помалку контролиран квалитет.