Хаман спореди талент на Баерн со Меси: Погледнете видеа од Лео на иста возраст

Макфакс

27/02/2026

07:24

667

Големина на фонт

а а а

Дитмар Хаман повторно предизвика внимание со една изјава дадена во емисиите во кои гостува, а овојпат зборувал за голем талент на Баерн Минхен.

Се работи за Ленарт Карл, тинејџерот кој веќе има сериозна улога во составот на Венсан Компани, а според Хаман многу потсетува на Лео Меси од пред речиси две децении.

– Според мене Карл се издвојува и она што веќе го направи до 17 години е неверојатно.

– Кога го гледате како игра потсетува на Меси, иако Меси тоа го прави повеќе од 15 години.

– Но, кога го гледате стилот на Карл, забележувате дека е левак, има ниска гравитација и е цврст во дуелите. Начинот на кој се движи, начинот на кој ги спушта рамената, мислам дека тоа е фер споредба.

– Никој не може да каже дека толку долго ќе игра на исто ниво, но ако гледате видеа од Меси н 17,18-годишна возраст, ќе видите многу сличности, – рекол Хаман.