Спиел со 2.000 жени, платил за безброј абортуси, милиони потрошил на дрога! Исповед на човекот што ја измами смртта: Сè почна кога таа почина!

Точка

27/02/2026

17:17

1.457

Големина на фонт

а а а

Двократниот НБА шампион, поранешна ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Ламар Одом, отворено проговори за својата борба со зависноста од наркотични супстанции.

Одом пред неколку дена излезе од центарот „"iRely Recovery"“ во Лос Анџелес, каде што поминал едномесечна рехабилитациска програма, откако бил уапсен поради возење под дејство на дрога.

За жал, тоа била само уште една во низата епизоди во неговата долгогодишна борба со зависноста, за која целосно отворено зборуваше во разговор со Трејси Мекгрејди и Винс Картер во популарната емисија "The Cousins".

„Разговарате со вистински зависник. Земам кокаин и немам никакви обврски“, призна Одом.

Тој истакна дека дрога не користел за време на НБА сезоната.

„Не се дрогирав додека играв, но летата – да. Би било лудо да земам кокаин и истовремено да играм. Моите лета беа неверојатни, полни со кокаин. Држев сè под контрола, но кога имате ум на зависник, постојано размислувате како да го измамите системот. Тоа и го правев – организирав кокаински забави.“

Одом е убеден дека денес би бил член на Куќата на славните доколку немал проблеми со пороците.

„Да бидеме реални, среде сезона снимав ријалити со поранешната сопруга Клои Кардашијан. Играв, ја освоив наградата за најдобар шести играч (2011 година) и паралелно снимав емисија. Знаев дека имам и мотивација и карактер. Но кога станува збор за мојата големина и наследство – да, дрогата сериозно им наштети. Целосно“, признава Одом.

Тој е уверен дека траумите од детството и зависноста се длабоко поврзани.

„Сè почна со марихуаната. Многу луѓе не ја наследуваат зависноста генетски, но мојот татко беше зависник од хероин. Почнав да пушам на 14 или 15 години“, вели Одом и додава:

„Едноставно се кршите кога ќе ја изгубите мајка си – таа ми беше најдобра пријателка. Се сеќавам дека на 10 години ѝ реков дека ќе играм во НБА и ќе ѝ купам голема куќа. Две години подоцна, ја немаше.“


Животна приказна

Бурната животна приказна на овој контроверзен кошаркар наликува на сценарио за холивудски блокбастер.

Роден е во јужниот дел на Квинс. Неговиот татко бил зависник од хероин, а мајка му починала од тумор кога имал само 12 години, па го одгледала баба му.

На Род Ајленд колеџот покажал неверојатен кошаркарски потенцијал, па во 1999 година Лос Анџелес Клиперс го драфтувале како четврти пик. Веќе во првата сезона покажа дека ќе остави длабока трага во најсилната лига во светот, со просек од 16,8 поени и 4,2 асистенции по натпревар.


Поради проблематично однесување надвор од теренот, не се задржал долго во Клиперс. Во 2001 година бил суспендиран поради користење марихуана. По истекот на договорот, во 2003 година заминал во Мајами, а по одлична сезона на Флорида бил трејдуван во Лејкерс, каде што оставил најголема трага.

За славниот клуб настапуваше од 2004 до 2011 година и освои две шампионски титули, а во последната сезона беше прогласен за најдобар шести играч во лигата.

Потоа следуваа помалку успешни епизоди во Далас Маверикс и повторно во ЛА Клиперс, клубот во кој ја започна и ја заврши својата НБА кариера.


Бурен приватен живот

Пред неколку години ја објави автобиографијата "Од темнина до светлина", во која откри дека речиси целиот заработен приход од Клиперс, Лејкерс, Мајами и Далас го потрошил на дрога и жени.

„Кога би требало да пресметам колку потрошив на дрога, тоа би било околу 100.000.000 долари“, изјави Одом.

Во 2015 година беше на работ на смртта, откако во бордел во Невада бил пронајден во бессознание под дејство на дрога. Неколку дена беше во кома и едвај преживеа.

Во 2018 година откри дека поради предозирањето претрпел 12 мозочни и шест срцеви удари.

„Сето тоа ми се случи додека бев во кома. Лекарите велат дека сум чудо што оди“, рече Одом.


Целиот свет беше во шок. Љубителите на кошарката не можеа да поверуваат дека толку се уништил.

Имаше и свое оправдување за зависноста.

„Го наследив тоа од татко ми. И тој беше зависник. Го добив неговиот ген. Работите се влошија кога ми почина шестмесечниот син. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот, потонав.“

Одом откри и кога првпат пробал кокаин.

„Се случи кога имав групен секс со неколку жени. Потоа сите мои демони беа пуштени од синџир. Станав професионалец во криење на зависноста од сопругата Клои Кардашијан. Долго ѝ требаше да открие. Знаете, не сакате сопругата да знае дека шмркате кокаин и спиете со други жени.“

Успеа да се извлече, но не и да го сочува бракот со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан. Неговиот љубовен живот беше исклучително бурен.


„Се случувало да имам секс со шест различни жени неделно, секогаш без заштита. Затоа морав да платам приличен број абортуси. Ми беа потребни тие жени, тие беа излез, не можев дома да се вратам сам“, откри Одом.

Во едно интервју призна дека е сериозен зависник од секс.

„Кога не се занимавав со кошарка и жени, гледав порнографија. Спиев со најмалку 2.000 жени. Сексот доведе и до зависност од дрога. Тоа ми даде можност двојно да го зголемам задоволството.“

Смртта на синот

Одом доживеа огромна семејна трагедија од која никогаш целосно не се опорави. Неговиот син Џејден почина шест месеци по раѓањето.

Во автобиографијата призна дека заплакал дури три години по трагедијата и откри што се случило кобниот 29 јуни 2006 година, кога неговата тогашна сопруга Лиза Моралес влегла во собата да го провери нивниот син.

„Тогаш виде дека бебето лежи на стомак, што ѝ беше чудно, но изгледаше како да му е удобно, па не сакаше да го вознемирува. Се врати во кујната кај мајка ѝ. Но веднаш штом мајка ѝ ја праша како е Џејден, Лиза почна да паничи и истрча во неговата соба.“


„Лицето му беше темносино, не дишеше. Лиза хистерично извика и веднаш повика брза помош. Брзата помош и противпожарната служба пристигнаа за неколку минути и го однесоа бебето во болница“, напиша Одом, кој во тоа време бил на Менхетен.

Лиза му се јавила да му каже дека нешто му се случило на Џејден. Одом веднаш заминал кон болницата. Влегол во приватна соба каде што Лиза била завиткана во ќебе. Наскоро докторката им соопштила дека нивниот син починал, а смртта настапила во лулката.

„Петнаесет минути по моето пристигнување, докторката влезе во собата и ја фати Лиза за рака. Во очите ѝ имаше солзи. Рече: ’Жал ми е, и јас како мајка сум доживеала смрт во лулка.‘“


„Тоа ми беше првпат да го слушнам тој израз. Значи, Џејден починал од синдром на ненадејна смрт. Тоа едноставно немаше смисла. Како можеше нашето дете да умре во лулка? Не можеше да биде вистина. Бев шокиран, вкочанет, речиси без чувства, не можев да се поместам“, откри Одом и додаде:

„Не заплакав тогаш. Ниту следниот ден. Три години не заплакав за Џејден. Мислев дека ако заплачам, тоа ќе стане реално. Не плачев за тој да може да живее.“