Ја купуваш денес, ја возиш барем до 2041 година: Автомобили кои ќе функционираат без проблем најмалку 15 години, еден модел доминира

Супермен

03/03/2026

15:23

1.762

Големина на фонт

а а а

Во светот на модерните автомобили каде новите модели се менуваат побрзо од кога и да е, а електрониката станува доминантен фактор, прашањето на долговечноста е луксуз.

Неодамнешната дискусија на популарната платформа „Редит“ иницирала лавина коментари на прашањето „Доколку купувате автомобил којшто сакате да го возите наредните 15 години, тогаш што би избрале?“.

Одговорите на корисниците ширум светот откриле интересен баланс меѓу рационалната економија, довербата во традиционалните брендови, но и подготвеноста на ризик заради уживање во возењето.


Јапонска доминација

Не е изненадување дека апсолутните фаворити се јапонските произведувачи. Со децении градената репутација на „Тојота“ и „Хонда“, доминира во одговорите на корисниците кои бараат доверба.

Еден од најчестите цитирани совети се однесува на специфичните погонски состави:

„Било кој од стандардните Тојота 2.5 хибридни модели“, гласи еден од најчестите коментари.

Овој став не е без основа, хибридниот систем на „Тојота“ стана златен стандард за такси здруженијата ширум светот токму поради исклучително ниските трошоци за одржување и долговечноста на батеријата. Покрај нив, класиците како „Корола“ и „Сивик“ остануваат лидери.


Еден корисник го потврдил тоа со личен пример:

„Тојота Корола“ и „Хонда Сивик“. Моментално ги поседувам и двата автомобили, модели од 2011 и 2013 година. Безбедни се и нѐ носат од точка А до точка Б без никаква мака.

„Мазда“ и „Опел“

Интересно е тоа што „Мазда“ се издвојува како бренд којшто нуди повеќе труд во дизајнот, но без компромис по прашање на дефектите. Корисник којшто тврди дека поседува „Мазда“ веќе 30 години истакнува:

„Било која Мазда го добива мојот глас... Една имаше дефект чија поправка чинеше 300 долари кај овластен салон“.


За европските купувачи во дискусијата се појавил и „Опел“ којшто и натаму котира како рационален избор за оние кои бараат достапни делови и едноставна механика, што е особено релевантно за нашиот пазар.

На крајот на денот, повеќето корисници на „Редит“ се согласуваат во едно, ако сакате автомобил којшто и по повеќе од деценија ќе „пали од прва“, бирајте го азиското инженерство или бидете подготвени дека можеби ќе станете најдобар пријател со својот механичар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk