„Дали оваа фотографија е премногу“: Гризман брутално ѝ одговори на Барселона по елиминацијата!

Точка

04/03/2026

12:02

715

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја елиминираа Барселона во полуфиналето на Купот на кралот, а по натпреварот особено славеше Антоан Гризман.

Францускиот напаѓач, и покрај поразот од 0:3 (Атлетико се пласираше понатаму благодарение на победата од 4:0 во првиот натпревар, заб. авт.), јавно ги испровоцира Каталонците.

Гризман на социјалните мрежи објави фотографија на која слави, додека зад него на тревникот лежат скршени играчите на Барселона.

Во описот напиша: „Дали оваа фотографија е премногу?“


Токму таа реченица предизвика негодување кај навивачите на Барселона, кои сметаат дека Гризман покажал непочитување кон клубот кој му исплатил десетици милиони евра.

Барселона во летото 2019 година го купи Гризман од Атлетико за 120 милиони евра, а по 102 одиграни натпревари тој се врати во мадридскиот клуб.

Сепак, Французинот очигледно не се разделил со Каталонците во пријателски односи, а особено му пречела една објава на социјалните мрежи од пред една година.

Во март 2025 година Барселона го победи Атлетико со 4:2 во првенството, по голем пресврт.

Каталонците победата ја одбележаа со објава на фотографија на социјалните мрежи, на која нивните играчи во позадина слават и гледаат во насока на Гризман.

Зборовите што Барса ги стави во описот на фотографијата гласеа: „Оваа фотографија е премногу“.