Леви Кели изградил минијатурна куќа на тркала која се простира на само 1,8 квадратни метри.
Сакајќи да влезе во Гинисовата книга на рекорди како градител на најмалата мобилна куќа, 29-годишен Јутјубер од Западна Вирџинија во Америка изградил мал дом со сите функции на типична куќа.
Во толку ограничен простор, повеќето работи се поместуваат и склопуваат. Како што покажа во видео на својот Јутјуб канал, во оваа куќа на тркала можете да најдете клупа за седење и кревет за спиење, кујна со вода за пиење, мијалник и плоча за готвење, како и мал фрижидер. На располагање ви е клима уред со функции за ладење и греење, како и преносен тоалет и надворешен туш.

Надворешноста на куќата е направена од кедрово дрво, додека внатрешноста е направена од неколку различни видови дрво. Во куќата, која е со големина само 2 квадратни метри, продира многу природна светлина бидејќи има дури четири прозорци.

Куќата е изградена на приколка за автомобили што веќе била во сопственост на Леви, а за нејзината изградба се потрошени околу 5.000 американски долари, или околу 4.600 евра. Куќата не е направена само за шоу - Леви Кели ќе ја користи за кампување со сопругата и нивните две деца.



