Ова се најбезбедните автомобили со поминати над 100.000 километри: Идеални за долги патувања, дефекти речиси и да нема

Супермен

06/03/2026

19:46

2.167

Големина на фонт

а а а

Добро познатата листа на 10-те најсигурни автомобили со поминати повеќе од 100.000 километри може да ја проследите во продолжение на текстот.

Извештајот на „TUV“ за почетокот на 2026 година прикажува листа на 10 најсигурни автомобили со поминати повеќе од 100.000 километри. Според истражувањето на германскиот весник „Bild“, анализирани се моделите што главно се користат за патување на долги растојанија.


Листата е направена врз основа на стапката на „значајни дефекти“ регистрирани кај овие модели за време на техничкиот преглед. Првиот услов бил автомобилот да поминал најмалку 100.000 километри.

Кои се најсигурните автомобили со повеќе од 100.000 километри?

На листата нема многу конкурентски модели, но тоа не мора да значи дека се со понизок квалитет. Како што објаснува германскиот весник, во набљудуваните години, во просек, тие не ја достигнале границата од минимум 100.000 поминати километри и затоа не го исполниле првиот критериум од овој тест.


Списокот вклучува:

⚡„Mercedes E“ класа;
⚡„Škoda Kodiaq“;
⚡„Mercedes C“ класа;
⚡„Volvo XC60“;
⚡„Mercedes GLE“;
⚡„Seat Ateca“;
⚡„Suzuki Vitara“;
⚡„Volkswagen Touran“;
⚡„Volkswagen Touareg“;
⚡„Audi A3“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk