Нетанјаху: Продолжуваме со нападите врз Иран

Макфакс

10/03/2026

10:23

227

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран. Тој рече дека целта е „да му се помогне на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата“, но додаде дека „на крајот на краиштата зависи од нив“.

„Но, нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските“, рече Нетанјаху за време на состанокот со раководителите на израелските болници и здравствениот систем.

Утрово, една од ракетите лансирани од Иран беше пресретната, додека другата падна во морето во близина на Тел Авив. Израелската војска предупреди дека наскоро планира напади врз градовите Тир и Сидон во јужен Либан, познати и како Сур и Саида.

Портпаролот на армијата, исто така, рече дека израелските сили ќе ги таргетираат целите на Хезболах „во блиска иднина“ и им кажа на жителите да се оддалечат „најмалку 300 метри“ од обележаните области.