157,8 милиони денари исплатени за заклани гоеници по Мерка 2.13, известува Министерството за земјоделство

Макфакс

10/03/2026

10:44

170

Големина на фонт

а а а

Денеска се реализираше исплата во износ од 157.834.000 денари кон 123 корисници, известува Министерството за земјоделство.

Исплатата се однесува по Мерка 2.13 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, за заклани гоеници.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека се продолжува со континуирана поддршка на земјоделците и развој на сточарскиот сектор.