Кузеска: Мицкоски со лаги дојде на власт, со лаги владее

Макфакс

10/03/2026

14:00

148

Големина на фонт

а а а

Христијан Мицкоски лаже, многу лаже. Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна. Излажа, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Мицкоски, додава таа, ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници.

„Не им кажа на граѓаните дека поништување на Преспанскиот договор ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, губење на членството во НАТО и загрозување на безбедноста.

Денеска на сите им е јасно дека зборот не му вреди.

Јавно Мицкоски изјави дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка.

Излажа.

Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“.

Излажа.

Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“. На плоштадот до него беа на Нова Година а во Прилеп на автобуска станица ги виде цела Македонија“.

Ветуваше, додава Кузеска, одговорност и правда. Денеска, како што рече, го штити Тошковски.

„Криминалците се во врвот на власта, одговорност нема, правдата е погребана.

За поставувањето на Душан Адамовиќ, за почесен конзул во Србија рече дека стои македонскиот амбасадор.

И за ова излажа.

Сè е лага до лага. Граѓаните веќе гледаат дека зборовите на Мицкоски не значат ништо.

40% од медиумите се под контрола преку мрежата на Орбан и тоа се злоупотребува за манипулации со граѓаните.

ВМРО лаже“