Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Макфакс

10/03/2026

15:43

343

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се користи сегашната состојба и веднаш да се зголемат цените производите.

„Јас во текот на утрешниот ден имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети итн. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок да веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на офанзивни мерки“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо.

„Врз основа на нивното однесување така и Владата ќе се однесува. Така што очекуваме и тие да имаат фер однос кон граѓаните, за да и ние како Влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, објасни Мицкоски.