[ВИДЕО] Луѓето ја критикуваат Синди Крафорд поради утринската рутина од два и пол часа: „Живеете живот што 99,99 проценти од светот никогаш нема да го разберат“

Точка

13/03/2026

15:30

627

Големина на фонт

а а а

Поранешниот супермодел Синди Крафорд (60) предизвика бурна расправа на интернет откако детално ја прикажа својата обемна утринска рутина.

Таа на ТикТок објави видео во кое го документира својот ритуал, исполнет со третмани за нега и велнес терапии, што предизвика лавина коментари. Ритуалот на Синди Крафорд трае два и пол часа, а започнува со будење во 6 часот наутро. Следува суво четкање на нозете со четка од природни влакна и слушање на Библијата на „Spotify“. Потоа извршува низа велнес активности, како носење капа со црвено светло на главата, пиење јаболков оцет и опуштање во џакузи во дворот.


Нејзината рутина вклучува и „заземјување“, при што боса оди по тревата, како и подготовка на кафе со додаток на колаген. Утрото го завршува во 8:30 часот со скокање на мала трамболина во домашната теретана, додека го чека доаѓањето на својот пилатес инструктор.

„Ја сакам својата утринска рутина – ме подготвува за одличен ден!“, напишала таа во описот на видеото.

Сепак, многумина не го делеа нејзиниот ентузијазам. Корисниците на интернет ја исмеаваат поради долготрајната подготовка за денот.

Во една вирална објава на платформата „X“, еден корисник постави прашање дали тоа е „утринска рутина“ или „работа со полно работно време“. „Како што видеото одминува, рутината сè помалку изгледа како подготовка за денот, а сè повеќе како целосен велнес ритуал на една ѕвезда“, напиша тој.

Расправата брзо се разгоре, а многумина целата работа ја сметаа за целосно нереална. „Тоа не е утринска рутина... тоа е инкубатор за велнес стартап пред појадок“, коментираше еден корисник. Друг се надоврза: „Будење, кафе, работна облека и одење на смена од 12 часа. Тоа е вистинскиот свет“.

Еден коментар бил особено остар: „Славните личности се толку недопирливи и треба да престанат тоа да нѝ го набиваат на нос. Немаат нормален живот. Ништо од ова не е нормално за просечна личност“. Слично мислење има и друг корисник на „X“: „Тие славни личности едноставно треба да престанат да објавуваат такви работи. Живеете живот каков што 99,99 проценти од светот никогаш нема да го разберат па, дури и ако сте искрени, изгледате целосно недопирливо и фалбаџиски“. Некој призна: „Не ме шокираше толку самата рутина, колку потребата тоа да се сподели со целиот свет. Не се работи за пари, туку за суета“.


Од друга страна, некои застанаа во одбрана на славната манекенка, сметајќи дека нејзината рутина е оправдана со оглед на нејзината кариера.

„Тоа е дел од нејзината работа. Таа и понатаму живее од својот изглед, така што сè се сведува на одржување на ‘производот’“, напиша една личност. Други се согласија: „Па таа е манекенка, нејзина работа е да го одржува својот изглед“. „Таа е Синди Крафорд, секако дека нејзина работа со полно работно време е да изгледа фит и прекрасно“, го сподели своето мислење трет корисник.