Кој пие овде вода, осуден е на смрт: Научниците дошле да го истражат ова мистериозно езеро, а кога ја собрале течноста во шишиња – таа преку ноќ исчезнала и убила познат професор

Точка

15/03/2026

13:00

1.735

Големина на фонт

а а а

Длабоко во јужноафриканската савана се наоѓа водена површина која локалните племиња ја заобиколувале во широк лак со векови.

Езерото Фундуџи со право ја носи титулата едно од најмистериозните места на планетата, а научниците кои се обиделе да ги истражат неговите тајни се соочиле со феномени кои на прв поглед било невозможно рационално да се објаснат.

Она што е најстрашно е фактот дека еден истражувач ја платил својата љубопитност со својот живот.

Геолошкото потекло на ова езеро е сосема јасно. Пред повеќе илјади години силен одрон придвижил огромни планински карпи и целосно го блокирал текот на реката Мутале во планините Саутпанзберг во провинцијата Лимпопо. Така се создала природна брана која со текот на времето се наполнила, но она што збунува е фактот дека таа никогаш не се прелева иако нема очигледен одвод, а водата постојано се задржува во коритото каде инаку се шетаат опасни крокодили.


За локалното племе Вeнда, оваа локација е светост и апсолутно е забрането да се користи за пиење или риболов. Според древните легенди кои се длабоко вкоренети во културата на овој дел од Африка, на самото дно живее богот на плодноста во облик на огромен бел питон.

Приказната вели дека тој некогаш живеел на површината и ноќе ги посетувал жените, а кога една исплашена сопруга го забележала и вриснала тој засекогаш се повлекол во длабочините. Поради тоа настапила страшна суша, а племето некогаш жртвувало млади девојки за да го смири, додека денес младите девојки изведуваат специфичен танц наречен Домба и принесуваат традиционално пиво.

Покрај тоа, се раскажува дека под површината живее и бел крокодил кој ги чува духовите на предците, додека страшната приказна за лепрозниот човек на кој жителите одбиле да му дадат храна, вели дека тој го проколнал целото село кое потонало на дното, па ноќе сè уште можат да се слушнат нивните тапани и плач.


Од посетителите се очекува пред да пристапат да извршат бизарен ритуал: да се свртат со грб и да ја гледаат површината помеѓу раширените нозе пред да фрлат прамен коса во плиткото.

Кобна експедиција

Застрашувачките гласини го привлекле вниманието на научниот свет, а вистинската сензација и трагедија се случила во 1955 година. Професорот Хенри Бернсајд и неговиот помошник стигнале до брегот за да спроведат детално истражување и да ја проверат вистинитоста на локалните верувања. Со себе донеле цел арсенал канти, канистери и шишиња.

Откако ги наполниле садовите до врвот, истражувачите ги затвориле внимателно и ги оставиле преку ноќ, но наутро сите шишиња биле целосно празни, иако не се истурила ниту една капка и сите чепови биле на своите места.


Повторувајќи го експериментот, професорот одлучил да ја проба течноста и го опишал нејзиниот вкус како исклучително горчлив и застоен. Следната ноќ одлучиле да чуваат стража покрај канистрите, но пред зори од умор затвориле очи само неколку часа, а кога се разбудиле, содржината повторно целосно исчезнала.

Најлошиот дел од оваа неверојатна приказна се случил само неколку дена подоцна, кога Бернсајд почувствувал силна мачнина и итно бил префрлен во најблискиот град. Неговото здравје со денови драстично се влошувало, а на деветтиот ден професорот починал поради акутен воспалителен процес на тенкото црево, што довело до фатален исход.

Тајната се крие во опасниот состав

Овој трагичен исход ги натерал научниците да бараат материјални докази наместо митски. Деталните анализи покажале дека хемискиот состав всушност е неверојатно опасен и сложен. Докажано е дека површината е полна со соединенија на хром, особено хром хлорид хексахидрат. Токму поради овие примеси, бојата потсетува на темно мастило, а високата концентрација на хром ја прави исклучително токсична.

Кога овие соединенија ќе влезат во организмот, предизвикуваат тешки оштетувања на целиот гастроинтестинален тракт, па професорот Бернсајд сосема сигурно бил жртва на тешко хемиско труење, а не на некое древно проклетство. Локалното население очигледно со векови интуитивно избегнувало смрт, држејќи се подалеку од овој отровен извор.


Од друга страна, и огромната мистерија на исчезнувањето од цврсто затворените садови добила сосема логично објаснување. Физичкото и хемиското својство на овој раствор е такво што при паѓање на температурата, соединенијата на хром формираат кристални хидрати. Со едноставни зборови, тоа значи дека течноста буквално преминува во цврсто состојба и се таложи на дното во облик на многу густи кристали, поради што волуменот нагло се намалува. Ако садот е затворен, се создава илузија дека содржината едноставно исчезнала без трага, а застрашувачкиот звук на пукање кој научниците го слушале ноќе бил само звукот на воздухот што под притисок влегува во шишињата со лоши капаци поради намалувањето на волуменот.

Иста појава ги објаснува и гласините за водното чудовиште кое дише, бидејќи за време на сончевиот ден кристалите се топат и нивото се покачува, додека ноќе се таложат на дното, што на неискусни набљудувачи им изгледа како целото езеро да се шири и собира.