Нема битка меѓу Меси и Јамал: УЕФА потврди, Финалисима е откажана!

Дерби

15/03/2026

16:43

193

Големина на фонт

а а а

Фудбалските фанови со нетрпение го очекуваа соочувањето меѓу Шпанија и Аргентина или поточно Финалисима дуелот кој на крајот на овој месец требаше да се одигра во Катар, а каде требаше да видиме битка на Лионел Меси и Ламин Јамал.

Меѓутоа до тоа нема да дојде затоа што Финалисима е откажана, информација која официјално ја потврди и УЕФА. Ситуацијата на Блискиот Исток, конфликтот кој е во тек придонесе да се стави крај на мечот во кој силите требаше да ги одмерат актуелниот европски шампион и првакот на Јужна Америка.

УЕФА воедно потврди дека се барале решенија оваа битка да се одржи, првата опција била мечот да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на оригиналниот датум, со поделба на навивачите на стадионот 50:50, ама ова било одбиено од Аргентина.

Како алтернатива бил и двомеч, едниот во Мадрид, другиот во Буенос Аирес, меѓутоа и ова не добиело зелено светло.

УЕФА исто така и предложила на Аргентина да прифати натпреварот да се игра на 27 или 30 март, ако се најде неутрално место во Европа, ама и тоа било одбиено.

Аргентина дала предлог натпреварот да се игра по Светското првенство, но бидејќи Шпанија нема достапни датуми, таа опција мораше да се отфрли. Конечно, и спротивно на првичниот договорен план натпреварот да се одржи на 27 март, Аргентина изјави дека е достапна да игра исклучиво на 31 март, датум кој се покажа како нефункционален што на крајот придонело официјално финалисима да с еоткаже.