Фурние се исклучи и сакаше да се пресмета со навивач

Дерби

15/03/2026

16:50

197

Големина на фонт

а а а

Еван Фурние од пред две години одново настапува на стариот континент и е дел од тимот на Олимпијакос, тим во кој треба да биде еден од лидерите на теренот и надвор од него, но дали е тоа така е навистина знак прашање.

Искусниот Французин денеска предизвика инцидент на лигашкиот натпревар со Паниониос каде по постигната тројка се „исклучи“ и тргна да се пресметува со еден навивач кој беше крај теренот.

Мораше да интервенираа судиите, соиграчите за да не се случи нешто повеќе, а за овој потег заработи исклучување, додека пак навивачиот исто така мораше да го напушти неговото место.