Баер Леверкузен и Баерн Минхен одигра без победник (1-1) во дерби средбата во Бундеслигата, натпревар на кој беа поништени три гола, а беа и покажани два црвени картони за гостинските офанзивци Николас Џексон и Луис Дијаз.
Од ова соочување сега се споделува и една ситуација која станува хит, а „виновникот“ е дефанзивецот Џонатан Та.
Та една деценија играше во Леверкузен, па некои навики не се забораваат и наместо да се упати во соблекувалната на гостите тргна кон онаа домашната, меѓутоа по неколку секунди сфати дека прави грешка и тргна кон вистинското место, ама со потегот дефинитивно изнасмеа дел од вработените на „Бај Арена“.








