Македонски државјанин уапсен во Грција: „Дивеел“ со 223 км/ч, кадешто било дозволено 110, ќе се соочи со казна

Макфакс

17/03/2026

10:00

1.290

Големина на фонт

а а а

Возач на мотоцикл е уапсен за опасно возење, бидејќи на магистралниот пат Солун -Евзони достигнал брзина од 223 километри на час, со дозволена брзина од 110 километри на час.

Станува збор за 49-годишен државјанин на Северна Македонија, пишува „Прототема“,

Неговата брзина била регистрирана од радарски уред на Тимот за контрола и спречување на сообраќајни несреќи при Одделот за сообраќајна полиција во Кукуш.

Државната телевизија ЕРТ објави дека му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.