[ВИДЕО] Дани Димитровска искрено за разводот: „Мислам дека сум една од ретките жени која сѐ уште го има презимето на поранешниот сопруг“

Точка

18/03/2026

12:45

1.364

Големина на фонт

а а а

Македонската поп-рок ѕвезда со неверојатен глас, Дани Димитровска, искрено говореше за својот поранешен сопруг Јоцо со кого го има 25-годишниот син Лазар.

Во емисијата „Животна приказна“ која се емитува на Македонската телевизија, пејачката говореше за бракот којшто траел 3-4 години, но и за нивниот син.

✨ „Беше тоа многу спонтано, без никакви планови и идеологии, верувања. Се случи и беше преубаво искуство, искрено. Како вчера да беше, иако има 25 години оттогаш“, изјави Дани во емисијата.


На прашањето на водителката Здравкица Милиќ, „дали разводот го смета за нејзин најголем личен неуспех или како едно убаво искуство, бидејќи сепак има дете од таа врска“, пејачката одговорила:

✨„Никогаш не го ставив тоа во рамки. Едноставно, супер што се случи, супер е и што не е повеќе така. Само размислував дека од оваа конекција го имам Лазар. И тоа е едно најдобро искуство, најубаво што ми се случило. Јас мислам дека сум една од ретките жени која сè уште го има презимето на сопругот. Јас не го сменив, не го вратив моето моминско презиме. Јас сум Димитровска по презимето на Јоцо, но останав Димитровска не поради таа конекција, поради брачната состојба, туку за да го делам презимето со мојот син. За да имаме исто презиме. Затоа што не ми значат многу тие потписи, но имам чувство дека понатаму во животот ќе ми значи да имам исто презиме со мојот син. Како институција“.

[Дани Димитровска и нејзиниот поранешен сопруг Јоцо Димитровски]

Инаку, синот на Дани живее во Холандија каде магистрираше и работи, а пејачката признала дека сакала Лазар да се школува во друга држава за да се осамостои.

✨„Јас го терав да отиде, да се осамостои и да живее малку сам. Тоа беше моја желба. Јас вистински сакав да отиде во друга држава и да зависи од самиот себе. Посакував за него да стане независен. Далеку од мене. Го прифатив тоа уште многу одамна. За негово добро. Јас сметам дека ние како родители имаме само една обврска, а тоа е да ги оспособиме нашите деца, да ги научиме од сопствените искуства, да ги оспособиме и да ги пуштиме да живеат. За мене е тоа родител, а не да ги држиме до себе исклучиво“.