Фоњини: Ѓоковиќ е способен за сè…

Дерби

18/03/2026

11:46

257

Големина на фонт

а а а

Фабио Фоњини остави свој белег во светот на тенисот, ас кој своевремено беше меѓу најдобрите десет на светот и кога имаше свој ден, поточно беше во посакуваниот ритам беше тешко да се совлада.

Италијанецот имаше доста битки со големата тројка, четворка и добро знае колку беше тешко да се направи топ резултат, да се освојат титули на турнирите на кои беа присутни Ѓоковиќ, Федерер, Надал, Мари…

Сега таа конкуренција како да ја нема, Алкарас и Синер се издвоија, па токму затоа огромен беше резултатот на ветеранот Ѓоковиќ на Австралија Опен каде успеа го полуфиналето да го доби Јаник, а потоа да пружи силент отпор на Карлос во соочувањето за пехарот.

- Овој натпревар може да значи многу по толку многу порази што ги имаше против Јаник во последните години. Никој не го сметаше за фаворит во полуфинале на грен слем како ова, но тој го направи тоа. Шампионите како него се способни за сè. Тој повторно ја покажа својата вредност, - порача Фоњини.