Ниту еден фудбалер во историјата на фудбалот не настапил на шест различни светски првенства, а оваа година, извесно е, дури тројца ќе постават нов рекорд.
Дури осум играчи настапиле на пет различни светски фудбалски првенства, но никогаш никој не стигнал до бројката од шест.
Но тројца сè уште се активни, играат за своите репрезентации и обезбедија пласман на Светското првенство 2026 година во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

Така стана извесно дека тројца фудбалери оваа година, доколку не се случат повреди или некои неочекувани ситуации, ќе постават нов рекорд.
Се разбира, двајца од нив се и меѓу најголемите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои извесно ќе настапат на претстојниот Мундијал за Аргентина, односно Португалија.
Двајцата фудбалери настапуваа на сите светски првенства од 2006 година па сè до 2022 година во Катар, а сè уште се важни фактори во своите репрезентации.
Третото име е вистинска икона на светските првенства. Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа важи за човек кој „се појавува“ од никаде на секои четири години и овозможува неверојатни партии на светските првенства.

И Очоа настапува на сите Мундијали од 2006 година, а оваа година кај него ситуацијата е најнеизвесна бидејќи повеќе не е прв голман на Мексико.
Очоа има 40 години, а селекторот на Мексико Хавиер Агире го разгледува за списокот. Би било вистинска штета ако селекторот не го повика, но шансите да се случи тоа се мали.