Технолошките брендови доминираат на глобалните рангирања во 2026 година, а компании како „Apple“, „Microsoft“ и „Google“ заедно претставуваат вредност на брендот од над 1,6 трилиони долари.
Горенаведената визуелизација ги споредува 50-те највредни брендови во светот, каде што големината на круговите е пропорционална на вредноста на брендот. Податоците доаѓаат од компанијата „Brand Finance“, која ги оценува брендовите врз основа на маркетинг инвестициите, моќта на брендот и целокупните финансиски перформанси.
Од потрошувачки платформи и гиганти во е-трговијата до лидери во вештачката интелигенција, дигиталните екосистеми сега доминираат меѓу највредните брендови во светот.

Технологијата и дигиталните платформи доминираат на врвот на ранг-листата.
„Apple“ е највредниот бренд во светот од 2024 година, а неговата вредност ќе достигне 608 милијарди долари во 2026 година.
„Microsoft“ (565 милијарди долари), „Google“ (433 милијарди долари), „Amazon“ (370 милијарди долари) и „Nvidia“ (184 милијарди долари) ги заокружуваат првите пет, потврдувајќи ја континуираната сила на секторот за е-трговија и полупроводничката индустрија.

Скокот на брендот „Nvidia“ за четири места во споредба со 2025 година е особено значаен. Со брзото растење на побарувачката за чипови за вештачка интелигенција и инфраструктура за центри за податоци, вредноста на брендот на оваа компанија исто така се зајакнува, паралелно со нејзините финансиски резултати.
Подолу на листата, компании како „Oracle“, „SAP, TSMC“ и „Samsung“ покажуваат колку клучно станаа производството на бизнис софтвер и чипови за глобалната економија.
Силното присуство на Кина
Кинеските брендови сè уште имаат значајно место меѓу 50-те највредни. „TikTok“ е на шесто место на глобално ниво, со вредност од 154 милијарди долари, што го прави највисоко рангиран кинески бренд во 2026 година.
Големите државни банки - вклучувајќи ги „ICBC“, „China Construction Bank„, „Bank of China“ и „Agricultural Bank of China“, се исто така меѓу највредните брендови во светот.
Медиумските и технолошките платформи како што се „Tensent“ и „WeChat“ дополнително го потврдуваат растечкото дигитално влијание на Кина.

Надвор од технолошкиот сектор, традиционалните индустрии остануваат исклучително конкурентни. „Walmart“ (141 милијарда долари), „Home Depot“, „Costco“ и „Lous“ ја демонстрираат трајната сила на големите малопродажни синџири.
Банкарските и финансиските брендови, вклучувајќи ги „Banc of America“, „Chase“, „American Express“ и „Visa“, заедно претставуваат стотици милијарди долари вредност на брендот.