СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект, дизелот поскапе и достигна 95,5 денари

Макфакс

23/03/2026

16:49

148

Големина на фонт

а а а

Опозициската партија СДСМ вели дека се потврдило она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвидел и за што предупредувал цело време, односно дека еден ден по прес – конференцијата на Христијан Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари.

„Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар. За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема ефект, граѓаните плаќаат поскапо гориво, но најлошото е со ова поскапување ќе продолжи растот на цените на храната. Спиралата е активирана, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, следуваат и други покачувања. Срамота е Мицкоски да не презема мерки за намалување на цените а во исто време да се занимава со дефокус и да се однесува како уредник на жолт печат“, велат од СДСМ.

Од таму велат дека Мицкоски наместо за кризата, пласира лажни вести и афери, како што е справувањето со Ковид пандемијата и вакцините.

„Тоа што Мицкоски и ВМРО имаат историски пад на поддршката не значи дека треба да ја злоупотребува и срами функцијата на која се наоѓа, бидејќи со тоа ја срами и Македонија и нејзините граѓани. Секако Мицкоски го покажува своето вистинско лице, нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант“, пишува во соопштението.