Исто како што ниедна тешкотија не поминува сама од себе, така и во животот на убавата актерка имало низа настани што ја растргнале, ја исцрпиле и ја скршиле на парчиња.
Познатата актерка Аманда Пит отворено проговори за еден од најтешките периоди низ кои поминала, споделувајќи ја својата лична приказна и справувањето со сериозни животни предизвици.
Нејзината исповед покажува колку животот може да биде непредвидлив и колку големи работи можат да се случат во исто време.

Аманда Пит откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка во рана фаза додека се грижела за своите родители, кои биле на спротивните страни од земјата на хоспис нега.
Во емотивен текст објавен во списанието „Њујоркер“, насловен како „Моите родители умираа. Потоа дознав дека имам рак“, таа опиша како сè започнало со рутински преглед што довел до дополнителни тестови и биопсија.
Како што изјавила, со години одела на редовни прегледи кај лекарот поради густата структура на ткивото на дојката. Во времето кога лекарите ја утврдувале сериозноста на болеста, нејзините родители, кои долго време биле разведени, биле на хоспис нега. Во тој период, нејзиниот татко починал ненадејно, а таа не успеала да се збогува со него.
По враќањето во Калифорнија, таа дознала дека нејзиниот тумор е „хормонски рецептор позитивен“ и „HER2 негативен“, што била добра вест и причина за олеснување.
Сепак, како што самата опишала, чувството на страв брзо се вратило бидејќи морала да помине низ дополнителни прегледи, вклучително и магнетна резонанца.

„Но, по десет минути се сетив дека и јас чекам магнетна резонанца и се вратив на тој основен, суров страв“, напишала таа, па продолжила: „Полека ми стана јасно дека дијагнозата за рак доаѓа во бранови, капка по капка“.
На крајот од есејот, таа открила и дека нејзината мајка починала по битка со Паркинсонова болест.
„Нашите погледи се сретнаа и таа се смири, а потоа продолживме да се гледаме неколку минути, или барем така изгледаше“, напишала таа.
Тоа збогување, како што го опишува, било тивко, но исклучително емотивно и длабоко.
„Болеста на мајка ми започна во јуни, но болеста на татко ми траеше само една недела, па не очекувавме дека тој ќе биде првиот што ќе замине“, напишала таа, па додала: „Летав за Њујорк. Не пристигнав пред да почине татко ми, но успеав да го видам пред да го извадат неговото тело од станот“.

Како им ја соопшти веста на децата?
Аманда Пит е во брак со сценаристот и продуцент Дејвид Бениоф, еден од креаторите на серијата „Игра на тронови“. Заедно имаат три деца, Франсис Пен, Моли Џун и Хенри.
Таа призна дека не ѝ било лесно да им каже на своите деца низ што поминува, па го сторила тоа дури откако дознала дека ракот е во рана фаза и дека е излечив. Како што рекла, нејзиниот терапевт ја советувал дека не мора да се преправа дека е силна и дека е сосема во ред да ги вклучи децата и да им покаже дека можат да бидат поддржувачки.












