Минесота направи историски пресврт во продолжение, Јокиќ за малку испушти редок трипл-дабл ефект

Дерби

26/03/2026

11:12

283

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Минесота направија серија 15:0 во последните три минути од продолжението на дуелот со Хјустон и обезбедија историски пресврт за победа (110:108) на домашен терен.

„Волците“ имаа негатива 108:95, но и тоа не ги откажа од позитивен резултат, па неверојатната серија заврши со поени на Рендл и нереализирани слободни фрлања. МекДениелс со 25 и Рендлс со 24 поени беа најдобри реализатори во победничкиот тим, додека кај Хјустон, Дурент и Шенгун го завршија натпреварот со по 30 поени.

Лос Анџелес Лејкерс им се вратија на победите, остварувајќи очекуван триумф над Индијана, во кој Дончиќ реализираше 43 поени, а го следеа Ривс со 25 и Џејмс со 23 поени.

Никола Јокиќ беше на асистенција до страшен трипл-дабл, откако дуелот против Далас го заврши со 23 поени, 21 скок и 19 асистенции, а неговиот тим оствари важна победа. Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со дури 53 поени на овој натпревар.

Бостон го доби дербито со Оклахома Сити, прекинувајќи ја победничката серија на актуелниот шампион пред своите фанови.

Браун со 31 поен ги предводеше Селтикс до голема победа, додека Гилџис-Александер бил најефикасен со 33 поени.

Детроит – Атланта 129:130 (п)

Индијана – Л.А Лејкерс 130:137

Филаделфија – Чикаго 157:137

Бостон – Оклахома 119:109

Кливленд – Мајами 103:120

Мемфис – Сан Антонио 98:123

Јута – Вашингтон 110:133

Минесота – Хјустон 110:108 (п)

Денвер – Далас 142:135

Голден Стејт – Бруклин 109:106

Портланд – Милвоки 130:99

Л.А Клиперс – Торонто 119:94