Мбапе со мајсторски гол најави победа за Франција во големото дерби со Бразил

Дерби

27/03/2026

12:24

355

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти дозна дека има уште многу работа пред себе во Бразил, особено во ситуација кога за противник има ривал од светска класа како што е Франција.

„Триколорите“ покажаа сила на пресметката која се одигра во Масачусестс, бидејќи најпрво поведоа со мајсторски гол на Килијан Мбапе, а потоа демонстрираа класа и со играч помалку на теренот.

Упамекано доби директен црвен картон за остар старт на пријателскиот натпревар, но и со 10 играчи на теренот, Франција имаше одговори за Бразил.

Една контра заврши со втор гол на „триколорите“, а стрелец на погодокот беше фудбалерот на Ливерпул, Уго Екитике.

Напаѓачот го префрли Едерсон со лоб и донесе убава предност во вториот дел, додека Бразил до крајот успеа да постигне почесен гол и да намали на 2:1 преку Бремер.

Голот погледнете го ТУКА.