Австралиската боксерка Шенон Филп откри зошто нејзиниот партнер нема ништо против тоа што таа има интимни односи со други мажи. Оваа 26-годишна спортистка од Голд Коуст објасни дека од бокс не заработува доволно за живот, поради што се насочила кон друг извор на приходи – платформата „OnlyFans“.
Во разговор за „Daily Mail“, Филп појасни дека таа и нејзиниот партнер Линдон се во етички немоногамна врска, што значи дека и двајцата смеат да имаат интимни односи со други партнери, без оглед на полот. „Ова е ново за нас двајцата, уживаме во тоа“, изјави таа за новата динамика.
Заработува 45.000 долари месечно на „OnlyFans“
„Седнавме со партнерот и долго разговаравме за тоа. Да ми кажеше некој пред неколку години дека ќе објавувам експлицитна содржина за претплатници, само ќе се насмеев“, изјави Филп. „Реалноста е дека ако ние боксерките немаме стабилен извор на приходи, не можеме да напредуваме на повисоко ниво. Кога ќе се пресметаат трошоците за тренинг-кампови, тренери, патувања и медицински прегледи, сè тоа се натрупува“, додаде таа.
Во моментов, од „OnlyFans“ заработува 45.000 долари месечно и вели дека не планира наскоро да престане. „Имам цели, како купување куќа и инвестирање во недвижности. Пријателите и семејството ме поддржуваат во тоа што го правам, а претплатниците ми овозможуваат флексибилен начин на живот“, рече таа. „Без разлика дали станува збор за фотографии во бикини или соло-снимки, тоа зависи од креаторот на содржината. Имам отворен ум. Има и други боксерки на ’OnlyFans‘. Тоа е ценета индустрија.“
Боксот останува главна цел
Филп зад себе има две професионални борби, но и двете ги загубила. И покрај тоа, тврди дека нејзината главна цел и натаму е напредок во боксерската кариера.
„Сè започна како дополнителна работа, а сега е работа со полно работно време. Задоволство е да се премине од заработка од 20 долари како фризерска приправничка до исполнување на нашите финансиски цели. Целта сега е да продолжам напорно да тренирам за да станам подобра боксерка“, порача таа.
Иако станува збор за неконвенционален начин на финансирање на кариера, случајот на Шенон Филп отвора сериозни прашања за состојбата во женскиот бокс, особено за тоа колку заработуваат почетничките во споредба со високите трошоци потребни за напредок во спортот.

Обид со „GoFundMe“ кампања
Пред „OnlyFans“, Филп започнала и кампања на „GoFundMe“ со цел да собере средства за својата боксерска кариера. „Неодамна се преселив во Кофс Харбор. Пред преселбата тренирав до точка кога бев блиску до својата прва аматерска борба. Но, како што обично се случува, повторното снаоѓање и пронаоѓањето стабилна работа имаа предност“, напиша во описот на кампањата.
На крајот собрала 2.200 долари, нешто помалку од целта од 2.500 долари, што е неспоредливо со нејзините месечни приходи од платформата за возрасни.





















