Клоп: Салах може да игра уште седум години

Дерби

28/03/2026

12:49

201

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп ја коментирал најавената разделба на Ливерпул и Мохамед Салах и смета дека египетскиот репрезентативец има уште многу години од својата кариера.

Одличната соработка на двајцата донесе многу трофеи за англискиот клуб, па Клоп е еден од оние кои најдобро ги познава квалитетите и капацитетите на Салах.

– Салах е неверојатен професионалец, тој постави целосно нови стандарди за еден фудбалер, вклучувајќи го начинот на кој работи, но и на кој се рехабилитира по натпреварите.

– Сега заминува од Ливерпул, но нема да бидам изненаден ако одигра уште шест-седум сезони. Тажен сум поради информацијата, но истовремено и горд што бев дел од неговата кариера, – вели Германецот, кој зборувал и за потенцијалниот наследник.

– Ваков играч е незаменлив, бројките кои стојат зад него како крилен напаѓач се неверојатни, а за напаѓачите недостижни. Не сакам да делам многу совети, но во ваква ситуација едноставно треба да се ангажираат нови имиња и да се игра фудбалот кој ќе донесе посакувани резултати, – рекол Клоп.