Американската актерка Дакота Џонсон (36) е позната по својот актерски талент, но и по впечатливиот изглед, кој неодамна повторно се најде во центарот на вниманието.
Откако позирала за новата кампања на „Келвин Клајн“, обожавателите изразиле восхит кон нејзиниот младешки изглед, а пластичен хирург за „Дејли мејл“ го изнел своето стручно мислење за можните естетски зафати на кои актерката се подложила.


Џонсон, ќерка на актерите Мелани Грифит и Дон Џонсон, снимила серија провокативни фотографии за познатиот бренд. На некои од нив позирала топлес, носејќи само фармерки, додека на други носела класични комплети долна облека. На една од фотографиите е прикажана на кауч во црн градник, без гаќички, со црни потпетици, додека на друга, без горен дел, ги покрива градите потпрена на прозорец.
Пластичниот хирург открил кои третмани веројатно ги правела
Пластичниот хирург д-р Шон Мекнали од Орегон, кој лично не ја лекувал актерката, но ги анализирал нејзините фотографии низ годините и изнел теорија дека таа се подложила на неколку помали естетски зафати. Споредувајќи ги постарите фотографии со поновите, д-р Мекнали ги изнел своите сомнежи.

„Се сомневам на горна блефаропластика со броупекси, бидејќи има повеќе отворен простор над линијата на трепките и изгледа дека нема вишок кожа“, рекол тој. „Претпоставувам дека станува збор за броупекси, а не за класично подигнување на веѓите, бидејќи резултатот е суптилен, а нејзината линија на косата и во старт е толку висока што не можам да замислам дека некој би ѝ правел броулифт“, појаснил лекарот.

Освен можните зафати на капаците и веѓите, хирургот се сомнева и на користење ботокс поради недостатокот на брчки, како и на филери во образите и усните „со оглед на зголемената полност“ на тие делови.
„Во најмала рака, користи квалитетни производи за нега на кожа за да ја одржи текстурата и тонусот, но третмани како ИПЛ или ББЛ за пигментација, како и полесни ласери за обновување на кожата, секако не се исклучени“, додал д-р Мекнали.










