Регионалната музичка ѕвезда Сенида сподели низа фотографии од снимањето на спот со Ади Шоше за песната „Чиста љубов“. По тој повод, таа го покажа своето елегантно модно издание.
За оваа пригода, пејачката избра црно одело со необичен крој. Горниот дел од оделото бил составен од сако, додека панталоните биле широки.
Модното издание го надополнила со црни високи потпетици, како и со сребрени парчиња накит, како едноставен сребрен ланец и необични прстени.
Пејачката позирала во добро расположение, а за оваа пригода ја променила и бојата на косата во црвена нијанса. Исто така, таа избрала суптилна шминка што ги нагласила нејзините очи.

На нејзината објава следуваа низа позитивни коментари, а само некои од нив гласат: „Божица“, „Колку убава жена“, „Многу ти прилега бојата на косата“, „Феноменална песна, а и ти. Едвај чекам во живо да ја слушнам“, „Чист овен во гласот“.
Да потсетиме, Ади Шоше и Сенида ја претставија дуетската песна пред два дена, а таа премиерно беше изведена пред публиката во Белград, за време на концертот во Сава центарот. Песната носи спој на емоција, модерна продукција и препознатливи интерпретации на двајцата изведувачи.

















