Се споменуваа Синер, Костнер и Брејди, но сега е откриена вистината: Еве кој е избраникот на „кралицата на бикинито“

Точка

30/03/2026

16:32

810

Големина на фонт

а а а

Иако пред два месеци потврди дека е сингл и се огласи во врска со гласините дека се гледа со Бен Афлек, манекенката Брукс Надер, изгледа, ја пронашла среќата со ѕвездата од филмот за Елтон Џон, „Rocketman“, пишува „Page Six“.

Имено Надер, новата ѕвезда на серијата „Baywatch“, и Тарон Егертон биле видени како го гледаат најновиот филм на Рајан Гослинг, „Project Hail Mary“, во Лос Анџелес.

Така, петочната вечер ја поминале во секогаш романтичното кино, а саботната вечер, како што рекле изворите, ја минале пиејќи пијалаци во луксузниот хотел „Shutters by the Beach“ во Санта Моника, при што се наведува дека новиот пар изгледал „вљубено“. Се додава и дека пред да заминат на вечера, свратиле и во хотелскиот бар. „Тоа не им беше прв состанок, се познаваат веќе некое време“, истакнал изворот.


Веста за новиот пар прво ја објави популарната „трачерска“ страница на Инстаграм, „DeuxMoi“, истата која неодамна ги демантираше гласините дека Надер се гледа со Афлек. „И покрај извештаите дека Бен Афлек и Брукс Надер се гледаат, извор ексклузивно изјави за „DeuxMoi“ дека тие двајца ’никогаш не се запознале‘“, објавија тогаш. А Надер потоа одговори: „Никогаш во животот не сум го запознала“.


„Кралицата на бикинито“, како што многумина ја нарекуваат, претходно беше поврзувана со низа познати имиња, вклучувајќи ги Кевин Костнер, тениските ривали Карлос Алкараз и Јаник Синер, НФЛ-легендата Том Брејди и нејзиниот партнер од „Танц со ѕвездите“, Глеб Савченко. Инаку Надер четири години била во брак со Били Хејр, а се развеле во 2024 година.


Велшкиот актер, пак, претходно бил во врска со актерката Клои Бенет од серијата „Agents of S.H.I.E.L.D.“, но раскинале минатото лето. Пред тоа шест години бил во повремена врска со асистентката на режисерот, Емили Томас, која работела на „Бетмен“.


Надер моментално се подготвува за својата најнова улога во рибут-серијата „Baywatch“, а неодамна излегоа и фотографиите од снимањето, на кои таа се појавува во славниот црвен костим, каков што некогаш го гледавме на Памела Андерсон.