Џозеф Баена, 28-годишниот син на Арнолд Шварценегер, докажа дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото откако во саботата победи на своето прво натпреварување во бодибилдинг.
Баена, кој неверојатно многу наликува на својот славен татко, го освоил првото место во повеќе категории на натпреварувањето „NPC Natural Colorado“ State, пренесе „Page Six“.

Баена гордо ја споделил веста на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која позира на натпреварувањето и ја покажува својата импресивна телесна градба.

„Мисијата е извршена!“, напишал тој и навел дека освоил прво место во категориите „Men’s Open Bodybuilding Heavy Weight Class“, „Men’s Classic Physique True Novice“ и „Men’s Classic Physique Novice“.


Минатата недела Баена објавил фотографии на кои 78-годишниот Шварценегер му помагал со подготовките во теретана. Легендарниот бодибилдер внимателно го следел својот син додека кревал тегови, а него го добил со поранешната куќна помошничка Милдред Баена. „Мускулите треба да се шокираат!“, напишал Џозеф покрај објавата.

Искуството на Шварценегер е неспорно; актерот во текот на кариерата освоил седум титули „Мистер Олимпија“ и пет титули „Мистер Универзум“.
Со поранешната сопруга Марија Шрајвер, Арнолд има уште четири деца: синовите Патрик (32) и Кристофер (28), како и ќерките Кетрин (36) и Кристина (34).
Минатиот август Кристофер ја изненади јавноста со фотографии на кои се гледа неговото драматично слабеење. Три месеци претходно зборувал за својата трансформација, истакнувајќи дека „тоа беше голем процес“ што започнал уште во 2019 година, додека живеел во Австралија.


„Едноставно видов колку многу тежината ме спречува во извршувањето на секојдневните активности. Си реков: ’Сакам да одам на скокање со падобран.А моите пријатели ми рекоа: ’Нема шанси “ се присетил тој.