Донарума извел шокантна „саботажа“ на голманот на БиХ, на крајот и тоа не им помогна на Италијанците

Дерби

01/04/2026

11:19

989

Големина на фонт

а а а

Џиџио Донарума беше меѓу најнервозните италијански репрезентативци на вчерашниот плејоф дуел со Босна и Херцеговина, за време на натпреварот влезе во директен дуел со неколку домашни фудбалери, а истото го направи и по трагичниот епилог за „азурите“.

Медиумите од БиХ сега го истакнуваат и неговиот неверојатен потег за време на пенал серијата, кога решил да му ја отежни работата на својот колега, Никола Васиљ.

Додека Васиљ го прославуваше промашениот пенал на Еспозито, Донарума му го земал листот на кој му биле насоките за изведувачите на пенали на италијанската репрезентација и го оштетил, сакајќи целосно да го искине.

Двајцата голмани влегоа во конфронтација која мораше да ја смирува главниот судија, а Донарума дефинитивно не освои позитивни поени со ваквиот начин на однесување. За ситуацијата да биде поиронична, Италијанците ја загубија пенал серијата со две промашувања, односно без директна одбрана на Васиљ.