16 милиони прегледи: ТикТок видео го разоткрило неверството на оженет маж, во коментари се огласила и неговата сопруга

Точка

01/04/2026

23:03

909

Големина на фонт

а а а

Видео на TikTok во кое жена слави затоа што нејзината пријателка, како што мислела, ја запознала сродната душа за време на ноќно излегување во Хантсвил, Алабама, брзо се прошири по интернетот, но не поради причината што би се очекувала.

Снимката, која требаше да помогне во потрагата по мистериозниот маж, наскоро се претвори во јавна приказна за наводнo неверство откако во коментарите се јавија луѓе кои го познаваат, вклучувајќи и жена која тврди дека му е сопруга.

Вирална потрага по сродната душа

Корисничката на TikTok, Микала, објавила исечок на кој се гледа маж како игра на настан наречен „lineman rodeo“.

Во продолжението на видеото истиот маж игра и пее со жена, а на крајот се бакнуваат. „Мојата пријателка синоќа ја најде својата сродна душа во Хантсвил, Алабама… не знаеме ништо за него освен дека се вика Мајк“, пишувало во описот на видеото.

Микала додаде и необичен детал, дека пријателите на Мајк го повикувале неговото име на начин што потсетува на галебите од анимираниот филм „Finding Nemo“. Во надеж дека ќе го најде мажот, се обратила на своите следбеници да ѝ помогнат со порака: „Вратете го Немо дома!“


Неочекуван пресврт

Не требало долго за следбеницит да го препознаат мажот и да укажат на детаљ кој предизвикал низа шпекулации – изгледало дека Мајк носи венчален прстен на раката. Хаосот во коментарите го лдостигна врвот кога се вклучи корисничка на TikTok по име Лаура и напишала: „Здраво! Јас сум сопругата на Мајкл… Тој моментално е зафатен објаснувајќи го ова на нашите деца.“

Во подоцнежен коментар Лаура додала: „Животот ми се сврте наопаку и никогаш не сум била во ваква ситуација… Потполно сум скршена. Земам време да се опоравам и да бидам со децата.“ Видеото во меѓувреме било прегледано повеќе од 10 милиони пати и собрало околу 24.000 коментари во кои луѓето дискутираа за тоа што виделе и што тоа зборува за врските денес.

Мноштво реакции на интернет

Корисниците на TikTok ги преплавиле коментарите со своите мислења. „Мајк ја наоѓа својата сродна душа секој пат кога е надвор од дома“, напишал еден корисник. „Изгледа дека Немо има дом“, додал друг. „Да, пријателите му викаа ‚Мајк, Мајк, Мајк‘ во смисла ‚застани, Мајк‘“, забележал трет, додека четврта заклучила: „Знаев дека овој маж е оженет уште пред да ги отворам коментарите.“