[ВИДЕО] Атанас Атанасовски за непријатното искуство по снимање на љубовна сцена: „Не мрдај, ако нешто се случи тука - толку е!“

Точка

02/04/2026

13:44

2.049

Големина на фонт

а а а

Актерот Атанас Атанасовски, познат по својата харизма и исклучителното чувство за хумор, овојпат сподели приказна која далеку ја надминува границата на сценската глума и навлегува во вистинска животна драма.

Во гостувањето во популарниот поткаст „Бајкерот и кросфитерот“, тој откри детали од едно снимање кое наместо романтична филмска магија, за малку ќе завршело со сериозна опасност.

Станува збор за љубовна сцена снимана во рурална средина, која на прв поглед требало да биде нежна, тивка и исполнета со емоции. Но, зад камерите, реалноста се покажала сосема поинаква. Непредвидени околности, специфичниот терен и непланирани ситуации го довеле актерот во позиција каде што глумата за момент станала секундарна, а безбедноста – приоритет.


Со својот препознатлив стил, Атанас Атанасовски раскажува како сцените што на екран изгледаат лесно и природно, често кријат приказни полни со адреналин, стрес и импровизација. Оваа анегдота не само што ја открива другата страна на актерската професија, туку и потсетува дека зад секоја „совршена“ сцена стои тим, труд – и понекогаш, вистински ризик.


„Тоа беше мојот професор Владо Цветановски. „Ќе одиме“, вика, „Велестово“, му викам: Кај ќе играме, професоре?, „Тука ќе играме, еве во амбарот“.

Љубовна сцена, јас и Кате Чакмакоска, да се бакнуваме во амбарот по некои скали... А, професорот како тој да ја игра сцената. И ние се бакнуваме, паѓаме во тоа сеното, има сцена каде што јас вака треба да се олеснам и... Улиште со пчели.

„Не мрдај, ако нешто се случи тука – толку е, завршивме! Кате до мене во паника што ќе прави, а професорот: „Браво, ова го снимивме во целост“.

Со еден рефлектор, тој го контролира рефлекторот: „Малце овде светло, малце таму“, eден рефлектор е, ама проаѓа сѐ, се случува“, раскажа искрено Атанас.