Јаков Јозиновиќ многу брзо доживеа подем во музичката кариера. Иако е многу млад, тој веќе распродаде седум концерти во „Сава Центар“, а најавен е и осмиот.
Талентот на дваесетгодишниот Јаков Јазиновиќ стана вирален откако привлече внимание на ТикТок снимајќи кавери на иконични нумери од нашите простори. Уште минатата година настапуваше во преполната „МТС дворана“, како и на „Спенс“.
10 концерти во Србија
Бидејќи за неговите минатогодишни настапи се бараше карта повеќе, тој забележа дека публиката во Србија е воодушевена од неговата работа. Закажа, а потоа и распродаде седум концерти во „Сава Центар“ по што поради големиот интерес најави и осми.
Колку ќе заработат Јаков и неговиот тим?
Иако делува скромно и не се расфрла, многумина ги заинтригира колкава сума пари заработил за време на својата турнеја во Србија. Бидејќи Јаков не се огласуваше по тоа прашање и не ги истакнуваше парите во прв план, вештачката интелигенција даде приближен одговор за неговата заработка.
Цените на билетите варираат во зависност од местото, па би изнесувале отприлика од 25 до 50 евра. Ако земеме просек, по една продадена карта се заработуваат 35 евра, пишува српскиот „Курир“.
✔ „Сава Центар“ (8 концерти): 4.000 места по вечер, за 8 концерти продадени 32.000 карти.
✔ „МТС дворана“ (2 концерти): продадени 4.500 карти.
✔ „Спенс“ во Нови Сад (1 концерт): 5.500 карти.
Вкупниот број е 42.000 луѓе, односно продадени карти на концертите во Србија. Бруто приходот од продажбата на карти 42.000 карти × 35 € изнесува 1.470.000 евра.

Големи се и трошоците
Меѓутоа, треба да се земат предвид и трошоците. „Chat GPT“ вели дека големи концерти како неговите имаат сериозни трошоци: закуп на сала, продукција (сцена, светло, озвучување), маркетинг тим, бенд, логистика, па на нив обично одат 40% – 60% од вкупниот приход.
Кога ќе се одземат трошоците: конзервативно (50% трошоци) се доаѓа до износ од 735.000 евра, а пореалниот опсег е меѓу 600.000 – 900.000 евра.
Колку пари заработил само Јозиновиќ?
Важно е да се напомене дека заработката секогаш се дели со менаџментот, продукцијата и организацијата. Во тој случај, делот што го земал само Јаков Јозиновиќ може да биде отприлика меѓу 200.000 – 500.000 € според груба проценка.
Со оваа турнеја во Србија, ако ѝ се верува на анализата на „Chat GPT“, тимот на Јаков Јозиновиќ ќе заработи бруто 1,5 милиони евра.

Треба да се земе предвид дека овие износи не се потврдени, туку се проценки на вештачка интелигенција врз основа на реални цени на билети и организација.
Да потсетиме, Јозиновиќ досега има снимено само две свои песни, а стекна огромна популарност објавувајќи кавери на најголемите хитови на Чола, Ѓорѓе Балашевиќ, Оливер Драгојевиќ, Џибони, Георгиев и други ѕвезди...
















