Кога поранешна мис ќе облече оскудно бикини – вниманието е загарантирано: ѝ се смешкаше пливачка кариера, но избра друг пат

Точка

03/04/2026

21:46

2.186

Големина на фонт

а а а

Русинка ја гради кариерата како фитнес тренер на социјалните мрежи.

Голем број поранешни спортисти кои не успеале да остварат врвни кариери се свртеа кон социјалните мрежи, преку кои стекнаа голема популарност, а потоа и заработка.

Една од нив е и Русинката Валерија Богачева, некогаш талентирана пливачка, а денес позната инфлуенсерка.


Гради кариера на социјалните мрежи

Валерија Богачева (23) е руски фитнес модел, претприемач и една од најследените Русинки на „Instagram“ и „TikTok“ во сферата на здравиот живот. Родена е во Калининград, а вниманието на светската јавност го привлече со својата специфична фигура.

Оваа русокоса поранешна пливачка припаѓа на новата генерација руски „fitness influencer-и“ кои успеаја да изградат глобална кариера благодарение на комбинацијата од естетика, дисциплина и дигитален маркетинг. До тинејџерските години ѝ предвидуваа успешна кариера во пливање, но …

Валерија Богачева денес е онлајн тренер. Својата популарност ја искористи за да започне сопствени програми за тренинг и планови за исхрана. Таа продава дигитални водичи за жени ширум светот кои сакаат да постигнат естетски изглед. Позната е и по тоа што промовира строг режим – тренира 5 до 6 пати неделно и се залага за високопротеинска исхрана.


Се појави и на насловна страница на познат магазин

Амбасадор е на неколку големи светски брендови за спортска опрема и суплементи, на „Instagram“ ја следат повеќе од 20.000 луѓе, а на „TikTok“ двојно повеќе. Нејзините фотографии често комбинираат спортски стил со висока мода, што ѝ овозможува да се појавува и на насловни страници на магазини кои не се исклучиво спортски. Неколкупати беше на насловната страница на списанието „Maxim“ за рускиот пазар, а во 2021 година ја понесе и титулата мис на тој магазин.

Валерија Богачева е студент по право и по завршувањето на факултетот планира да работи како адвокат. Нејзина најдобра пријателка е Вероника Московченко, мајстор на спорт во синхронизирано пливање.


Го крие својот партнер

Валерија се труди приватниот живот да го држи подалеку од медиумската бучава. Голем дел од годината го поминува на релација Москва – Дубаи – Бали.

Кога станува збор за љубовниот живот, Валерија Богачева е дискретна во однос на својот партнер. Иако на социјалните мрежи повремено се забележуваат луксузни подароци и букети цвеќе, таа ретко го открива лицето на својот избраник. Започна и сопствен бренд „Valeria Bogacheva“ со цел да се претстави како самостојна и успешна жена.