Бизарна ситуација на шаховски турнир: Легендарниот Карлсен прифати да се фотографира со противничката, па веднаш повика судија

Точка

05/04/2026

12:09

1.198

Големина на фонт

а а а

Магнус Карлсен е еден од најдобрите шахисти на сите времиња, а неговиот меч привлече големо внимание поради хаосот што настана по фотографирањето.

Магнус Карлсен е еден од најголемите шахисти во историјата. Доминира во својот спорт, реди победи, но неговиот меч на турнирот во германскиот град Карлсруе привлече огромно внимание. Се појави скандал по „селфито“ што го направи со казахстанската шахистка Алуа Нурман.

Пред почетокот на втората рунда од нивниот дуел, таа го прашала познатиот Норвежанец дали можат да се фотографираат. Големиот шампион се согласил, се фотографирале, а потоа тој станал и отишол по судија. Пријавил дека неговата противничка има телефон, па ситуацијата била експресно решена – уредот ѝ бил одземен.

Овој потег предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, но Карлсен постапил според правилата. Правилата на ФИДЕ се јасни – телефони, таблети и какви било други уреди што би можеле да се користат за мамење не се дозволени. Во случај да се пронајде таков уред, се смета дека играчот автоматски го предал мечот.

Со самата пријава, Карлсен всушност ѝ помогнал на својата ривалка, бидејќи ѝ овозможил да го продолжи мечот. Доколку телефонот бил откриен по почетокот на рундата, таа би била дисквалификувана. Карлсен на крајот стигнал до победа, откако Алуа го предала мечот во втората рунда по 44 потези.