Иран: Шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда убиен во зори

Макфакс

06/04/2026

11:29

197

Големина на фонт

а а а

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека нивниот шеф на разузнавањето Маџид Хадеми е убиен во напад за кој ги обвинува САД и Израел, објави Би-Би-Си.

Во соопштението, кое го пренесоа иранските медиуми, се вели дека Хадеми е убиен утрово, во зори, без дополнителни детали за околностите на нападот.

Израелската војска соопшти дека ќе ги „провери“ обвинувањата, додека американските власти сè уште не го коментирале случајот.

Хадеми го наследи Мохамад Каземи на функцијата шеф на разузнавачката служба на ИРГЦ, кој исто така беше убиен во израелски напад во јуни 2025 година, за време на краткотрајната војна меѓу Иран и Израел. Тој беше познат по своите остри обвинувања против САД и Израел.