[ФОТО] Синот на Елизабет Харли „обвинет“ дека е во љубовна врска со очувот, кого го ословува со „тато“: „Ма љубовник му е, гарант. Погледнете само како позираат“

Точка

06/04/2026

21:00

985

Големина на фонт

а а а

Демијан Харли често на својот Инстаграм профил споделува фотографии на кои е со мажот кого го смета за свој татко. Таквите слики ги вклучил и во роденденската објава, како и во онаа посветена на патувањето во Индија. И таквите објави се проследени со негативни реакции.

„Благодарам на мојот прекрасен татко Арун за најсреќниот викенд во Индија ~ чиста радост што се вративме таму каде што припаѓаме. Најмагична прва ноќ назад во рајот, танц со некои од моите најдраги луѓе на земјата“, напишал Демијан Харли покрај серија од овие фотографии. На сликата е со Арун Најар, кого го нарекува свој татко.


Некои ја фалат убавината која го краси Демијан Харли, како и радоста која го следи неговото семејство, но други сакаат да истакнат дека „необично е што момчето на неговите години најчесто е во друштво на постари луѓе“. „Многу чудно, сите се постари од него“, „Секогаш е со мајка си и нејзините значително постари пријатели“, коментираат на неговиот профил, каде на некои им изгледа необично како синот на Елизабет Харли и Најар позирале: „Погледнете ја неговата глава“.

Многумина се збунети што познатиот наследник, кој на 4 април наполни 24 години, воопшто го нарекува Арун Најар свој татко, иако се знае дека е син на Стив Бинг.

И тоа е точно. Бинг е неговиот биолошки татко, а Арун Најар е поранешен партнер на неговата мајка Елизабет Харли (61), биле во брак од 2007 до 2011 година.

Поранешните партнери, актерката и милијардерот, останале многу блиски по разводот. Заедно уживаат во ноќниот живот, заедно патуваат на летувања, и тоа во друштво на неговата нова партнерка, но и во друштво на Демијан, па сето тоа потврдува дека Најар (61) е како татко за младиот Харли.

Меѓутоа, за многумина тоа не е доволно… Тие сметаат дека крвното сродство е многу важно, па самата фактичка околност дека Арун не е биолошки татко на Демијан Харли, не ја исклучува можноста нивната врска да биде неприкладна. Особено им засметала оваа фотографија што Демијан ја придружил со коментар: „Каков татко, таков син“.


„Неговиот татко е мртов, тој не е негов татко“, „Тој е негов љубовник, а не таткова фигура“, „Изгледаат како љубовен пар“, „Ма, сигурно му е љубовник, погледнете како позираат“, коментирале на таа слика.

Демијан католичкиот Велигден (5 април) го прославил со мајка си и Најар, па позирал со нив како со свои родители.


Порано „контроверзните“ фотографии на Демијан Харли и неговата мајка Елизабет Харли беа мета на критики поради наводно премногу блиските односи. Уште пожестоки реакции предизвика неговото режисерски деби во 2024 година, во кој глуми неговата мајка. Причина беа нејзините секс сцени со друга жена, кои самиот Демијан ги снимил. Како што двајцата изјавиле, тоа за нив е сосем нормално.


За потсетување, Елизабет Харли била во врска со Стив Бинг 18 месеци во текот на 2000-тите. Тој одбивал да го признае татковството и по тестот на ДНК, кој утврдил дека Демијан Харли е негов син.

Кога конечно го прифатил тоа, тој сакал да плаќа месечна алиментација од 100.000 долари, но Елизабет Херли тоа го одбила, истакнувајќи дека никогаш не сакала пари од него. Неговата портпаролка изјавила дека познатата Британка нема право да го спречува Бинг финансиски да го поддржува своето дете.


Сепак, односот помеѓу таткото и синот останал нарушен. Се памети како Бинг зборувал дека „Елизабет спиела со други мажи додека биле во врска, па не може да биде сигурен дека тој е татко на Демијан“.

Демијан Харли го носи презимето на својата мајка. Стив Бинг извршил самоубиство во 2020 година кога скокнал од 27. кат на зграда во Лос Анџелес. Елизабет Херли му оддаде почит и се потсети на убавите заеднички моменти.