[ВИДЕО] Тоше Зафиров со своја филозофија за бракот и љубовта: „Дај му се*с и добра храна, на мажот никогаш нема да му текне на друга“

Точка

31/03/2026

13:22

1.488

Големина на фонт

а а а

Познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Тоше Зафиров повторно ја разбранува јавноста со своите директни и без задршка ставови за машко-женските односи, отворајќи тема која ретко кој се осмелува да ја коментира јавно.

Во време кога љубовните врски и браковите сè почесто се анализираат низ призма на модерните вредности и еднаквоста, Зафиров нуди поинаква перспектива – традиционална, но за многумина и контроверзна.

Преку искреното гостување на ТВ „Канал 5“, тој не само што зборуваше за својот приватен живот, туку и ја сподели филозофијата што, според него, стои зад стабилниот и хармоничен однос со неговата сопруга Габриела. Неговите зборови, кои веќе предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, отвораат дебата за улогите во врската, очекувањата меѓу партнерите и границата помеѓу искреноста и провокацијата.


Дали станува збор за реален увид во машката психологија или за став кој не кореспондира со современите односи – останува да процени јавноста. Но едно е сигурно: Зафиров успеа повторно да го привлече вниманието и да наметне тема за која сите имаат мислење, но малкумина гласно ја изразуваат.

✨„Жената треба да знае точно што сака мажот и да биде толку итра за да знае да му влезе под кожа на мажот, мажот да нема време и да не размислува за друга. Ако мажот сака спорт, помогни му и биди со него во спортот. Сака фудбал да гледа, седни пет минути навивај за неговиот тим. Сака убава кола, пофали му ја колата. Сака нешто да направи, биди со него цело време. Мажот што сака? Секс и добра храна. Дај му секс, добра храна, мажот нема да му текне никогаш на друга и секогаш ќе биде со тебе“, изјави Зафиров и откри детали за неговата љубов со сопругата Габриела и за тоа како им почнува еден ден.


✨​„Мене ми е животот убав и јас сум со Габриела. Ми почнува денот со: ’Добро утро злато, како си?‘, првата порака. Навечер легнуваме, се држиме за рака. Тоа држење за рака не е случајно. Таа енергија што ја имаме помеѓу нас двајцата, таа е взаемна енергија, чувствуваме додека легнуваме да спиеме. И спиеме мирно и слатко“.