[ФОТО] Се сеќавате ли на Зумбул-ага од „Сулејман Величествениот“? Сега е непрепознатлив

Супермен

31/03/2026

18:18

853

Големина на фонт

а а а

Турската серија „Сулејман Величествениот“ беше една од најпопуларните серии во регионот. Освен главните ликови Сулејман и Хурем, вниманието на јавноста го привлекуваше и познатиот Зумбул-ага.

Актерот Селим Бајрактар маестрално ја одигра улогата на духовитиот, а малку и лукав Зумбул-ага, па не е чудо што го привлекуваше вниманието на јавноста и надвор од оваа серија. Вистинско изненадување е неговиот имиџ во приватниот живот, кој е во целосна спротивност со оној што го прикажуваше во серијата.


Селим негува природен изглед, односно долгата седа коса и брадата се негов заштитен знак, што дополнително го прави шармантен. Активен е на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде објавува фотографии од својот бурен живот и не крие дека обожава прецизно скроени костуми и фитнес. Исто така, практикува јога и ужива во екстремни спортови, но и во дружење со пријателите и животните.



Инаку, Селим е роден во Ирак, во градот Киркук, но неговото семејство подоцна се преселило во Турција. Во 2000 година дипломирал, а набргу потоа почнал да глуми во Турскиот државен театар. Кариерата како телевизиски и филмски актер ја започнал во 2006 година.



Љубовен живот

Актерот 7 години бил во брак со музичарката Битер Бајрактар, но за нивната љубов во медиумите се достапни многу малку информации, а не е познато ниту дали имаат заеднички деца.


По раскинувањето со неа, Селим повторно ја пронашол љубовта во прегратките на актерката Емел Каракосе, а се венчале на 1 мај 2023 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk