[ВИДЕО] „А вака беше облечен?“: Краткиот филм „Сам си го барал“ со Сашко Коцев и Слаѓана Вујошевиќ повторно стана вирален на социјалните мрежи

Точка

07/04/2026

17:36

580

Големина на фонт

а а а

Краткиот филм „Сам си го барал“ на „Види Вака“ и денес важи за еден од најсилните и најрелевантни осврти на нашиот општествен менталитет, а повторно стана актуелен и се споделува на социјалните мрежи, иако од неговата премиера поминаа неколку години.

Преку сатира, видеото прикажува парадоксална ситуација: маж кој е жртва на грабеж пред банкомат се соочува со истите прашања и обвинувања што најчесто им се поставуваат на жените кои се жртви на сексуално насилство. Со ваквата замена на улогите, филмот јасно го истакнува проблемот на двојната виктимизација и обидите да се најде оправдување за постапките на насилникот.

Пораката што ја испраќа краткиот филм е директна и недвосмислена: кога ја обвинуваме жртвата, застануваме на страната на насилникот и придонесуваме насилството да остане неосудено, жртвите да не го пријавуваат, а сторителите да не одговараат пред законот.

Во филмот настапуваат Сашко Коцев, Слаѓана Вујошевиќ и Драгана Костадиновска.