[ВИДЕО] Арбелоа со забелешки за судијата Оливер: Не знам како Баерн го заврши мечот со 11 играчи на теренот

Дерби

08/04/2026

08:35

282

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се разбуди по еден час игра на „Сантијаго Бернабеу“ и во половина час создаде голем број шанси пред голот на Баерн Минхен, а само поради бравурозниот Мануел Нојер не успеа да извлече подобар резултат од конечните 1:2.

„Кралевите“ имаат негатива по 90 минути игра во четвртфиналниот двомеч со германскиот првак и патникот во четвртфиналето ќе го дознаеме на „Алијанц арена“, гостување на кое Алваро Арбелоа нема да може да смета на Орелијан Чуамени.

Французинот доби јавна опомена во првото полувреме и ќе биде недостапен за реваншот кој се игра наредната седмица, па покрај тоа што Арбелоа се жалеше за непотребниот жолт картон кој го добил, искажа чудење и за фактот што Џонатан Та не доби исклучување во 71-та минута за стартот над Мбапе.

– Чуамени ќе биде големо отсуство за нас на реваншот, а уште поразочарувачки е тоа што не знаеме за што доби жолт картон од судијата. Без оглед на се, имаме играчи кои можат да одговарат место него во средниот ред.

– За мене лично, уште почудно е тоа што Баерн го заврши мечот со 11 играчи. Не знам како судијата не му покажа црвен картон на Та за прекршокот над Мбапе. Тоа се две одлуки кои не успеав да ги сфатам, – изјави Арбелоа, кој и покрај поразот од 1:2, верува во пласман во полуфинале.

– Ова е пораз кој можевме да го избегнеме на крајот, ако имавме малку среќа, можевме да имаме и поповолен резултат. Примивме два гола од наши загубени топки и треба да спречиме такво нешто на реваншот. На ова ниво, грешките скапо се плаќаат, а ние ги плативме на овој прв меч. Ако некој тим може да победи во Минхен, тогаш тоа е Реал Мадрид. Ние сме Реал Мадрид, знаеме дека ќе биде тешко, но одиме во Минхен по победа, – заврши тренерот на Реал.