Тајна стара 11.000 години: Водата се повлече и откри нешто неверојатно, археолозите шокирани

Точка

09/04/2026

13:01

600

Големина на фонт

а а а

Во југоисточна Турција е забележано археолошко откритие кое би можело да го промени нашето разбирање на праисторијата.

Во моментот кога водата се повлекла, во еден од резервоарите на браната бана „испливале“ камени остатоци кои ги потсетиле експертите на „Т“-столбови, карактеристични за Гобекли Тепе, исклучително важно неолитско наоѓалиште во Турција.


Експертите веднаш реагирале

Откритието е регистрирано во близина на селото Кизилоз, на почетокот на годината, а на терен набрзо пристигнале експерти од Археолошкиот музеј во Адијаман, пренесува „Türkiye Today“.

Пронајдените камени остатоци се поврзуваат со столбовите од Гобекли Тепе, археолошки локалитет оддалечен 95 километри од реката Еуфрат. Ова светилиште, едно од првите трајни во светот, најверојатно го изградиле ловци-собирачи, а неговото откривање значително го промени разбирањето за евроазискиот неолит.

Професорот Сабахатин Езер од Археолошкиот факултет при Универзитетот во Адијаман изјави дека камените остатоци, откриени во еден од водните резервоари, може да бидат стари околу 11.000 години и дека ја одразуваат истата културна традиција забележана на локалитетот Гобекли Тепе.

Тој додаде дека археолозите сè почесто го користат називот за оваа култура – „Tas Tepeler“, кој опфаќа група праисториски локалитети во регионот Шанлиурфа, со карактеристични камени столбови и ритуален распоред.


Важни прелиминарни податоци

Професорот Езер детално ја анализирал оваа област и ја нагласил нејзината исклучителна важност.

Двете откриени структури веднаш обезбедиле важни прелиминарни податоци. Археолозите лоцирале плиток базен, опкружен со камени плочи, со столб во форма на буквата „Т“. Ваквиот распоред потсетува на наоѓалиштата од културата „Tas Tepeler“.

Заменик-директорот на Археолошкиот музеј во Адијаман, Мустафа Челик, изјави дека необичните форми станале видливи веднаш штом со повлекувањето на водата била измиена земјата што ги покривала.

Пронајдените артефакти веќе се изложени во античкиот град Пере, кој претставува уште едно значајно археолошко наоѓалиште во регионот Адијаман.