Фотографија од астронаутката Кристина Кох, снимена уште за време на подготовките за мисијата Артемис II минатата година, деновиве повторно се прошири на социјалните мрежи и стана вирална поради бројните реакции на нејзиниот изглед и физичка форма.
Кох (47) со своите тројца колеги изврши историски прелет околу Месечината, а фотографиите од нејзините мускулести раце се проширија низ социјалните мрежи.
На X се прошири фотографија на која астронаутката држи камера и предизвика бројни коментари. „Ова ми е новата омилена фотографија досега“, напиша еден корисник.
Набрзо следуваа и други коментари. „Таа ми е симпатија!“, одговорил еден, додека друг кратко додал: „Извајана е.“ Коментари како „Погледнете ги тие раце, о Боже“ и „Таа не прескокнува тренинг за раце“ продолжиле да се редат, а некои признале дека останале без зборови: „Немам што соодветно да кажам.“
Искусна астронаутка и љубителка на предизвици
Кристина Кох е специјалистка на мисијата Артемис II во никој случај не е нова во вселената. Претходно, речиси целата 2019 година ја поминала на „International Space Station“ (ISS) како дел од експедициите 59, 60 и 61.
Нејзината импресивна физичка подготвеност не изненадува ако се земат предвид податоците од нејзината официјална биографија. „Пораснала поминувајќи ги летата на семејната фарма во Мичиген, каде што развила страст кон напорната работа и предизвиците“, наведува НАСА.. Меѓу нејзините хобија се сурфање, качување по карпи, работа во заедницата, трчање, јога, планинарење, фотографија и патувања.
Вежбање во вселената
Дури и за време на престојот во вселенското летало Орион , Кристина Кох одржува строг режим на вежбање. Малата капсула е опремена со специјална справа со замаец, уред со систем базиран на сајла што овозможува изведување вежби како веслање, како и вежби со отпор, како што се чучњеви и мртво кревање.
„Уредот работи на принцип сличен на јо-јо и обезбедува отпор пропорционален на применетата сила, што овозможува оптоварување до 180 килограми“, објасниле од НАСА. „Таа можност е особено важна во длабоката вселена, каде што астронаутите немаат пристап до обемна опрема за вежбање каква што постои на Меѓународната вселенска станица.“
И колегата Виктор Гловер привлече внимание
Кох не е единствената членка на екипажот на мисијата Артемис II чија физичка подготвеност привлече внимание. Минатата недела и пилотот Виктор Гловер стана вирален поради снимка од вселената што предизвика бројни реакции.

„О Боже, астронаутот Виктор Гловер е толку згоден. Ве молам, нека вежба многу“, напишала една корисничка на социјалните мрежи. Друг корисник, со емотикон со мускул, духовито ја парафразирал познатата реченица: „Едно повторување за човекот, цела серија за човештвото.“
За мисијата Артемис II
Мисијата Артемис II беше лансирана на 1 април 2026 година од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида како прва мисија на НАСА со човечки екипаж кон Месечината по повеќе од 50 години. Станува збор за лет од приближно десет дена, при што екипажот на леталото Орион изведува прелет околу Месечината и ги тестира клучните системи за идни човечки мисии во длабоката вселена.
Екипажот го сочинуваат командантот Рид Вајзман, пилотот Виктор Гловер, како и специјалистите за мисијата Кристина Кох и Џереми Хансен. Целта на мисијата е да се проверат способностите на ракетата СЛС и вселенското летало Орион во услови на лет со човечки екипаж, пред идните мисии во рамки на програмата Артемис.










