Xiaomi Fan Festival 2026: Месец на посебни поволности и паметни решенија

Точка

09/04/2026

19:55

340

Големина на фонт

а а а

Почнувајќи од 8 април, Xiaomi го одбележува својот роденден на посебен начин, заедно со фановите и новите корисници ширум светот. Xiaomi Fan Festival веќе со години претставува момент на благодарност до сите кои се дел од оваа заедница, а овогодинешното славење носи исклучителни поволности кои траат од 8 април, во текот на целиот месец.

Овогодинешната тема „Паметен живот создаден за тебе“ се заснова на идејата на компанијата „Human x Car x Home“ за да им овозможи на корисниците поедноставен, попрактичен и поудобен секојдневен живот со помош на технологијата.

Посебни уреди за посебни прилики

Понудата започнува со моделот Redmi Note 15, кој нуди освежен дизајн и доволно меморија за непречена секојдневна работа. За оние кои сакаат нешто повеќе, Redmi Note 15 Pro носи унапреден систем на камери, побрзо полнење и премиум чувство во раката, додека Redmi Note 15 Pro 5G на сето тоа додава и 5G конекција, правејќи го совршен за корисниците кои не сакаат да бидат ограничени од брзината на мрежата.

Специјалната понуда го опфаќа и поширокиот Xiaomi екосистем, кој дополнително го приближува концептот на паметен живот.


Понудата ја надополнуваат Xiaomi Robot Vacuum S40, уред што го олеснува одржувањето на домот. За уживање во омилените видео содржини тука се Xiaomi Smart Projector L1 и Xiaomi Sound Party, додека за добар интернет во станот е задолжен Xiaomi Router AX3200. Во понудата се и Xiaomi Outdoor Camera CW400, Xiaomi Toaster, Xiaomi Tower Heater, Xiaomi Desktop Heater и Smart band 9 Active.

Цени и достапност

Redmi Note 15 во конфигурација 8+256 GB е достапен по цена од 11,999 МКД
Redmi Note 15 Pro во конфигурација 8+256 GB и 12+512 е достапен по цена од 17,599 МКД
Redmi Note 15 Pro 5G во конфигурација 8+256 GB е достапен по цена од 21,999 МКД

Комплетната понуда можете да ја погледнете кај продажните партнери на Xiaomi, како и на веб-страницата.

Комерцијален текст