Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс.
Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а „црвените ѓаволи“ играа со десетмина од 56-та минута, откако Лисандро Мартинез беше исклучен.
Судијата Пол Тирни одлучи да му покаже црвен картон, откако беше повикан од ВАр собата. Аргентинецот, беше во дуел со Доминик Калверт-Луин, неспортски реагираше кога го повлече за косата својот противник.
„Нема да зборувам за судиите, бидејќи ако зборувам за судиите ќе бидам во голема неволја. Правилата се различни за секого. Можете да го видите тоа во бројот на жолти картони, па затоа е подобро да не кажам ништо“, рече Карик.
Тој е разочаран од судењето.
„Мислам дека момците останаа позитивни и дадоа сè од себе во второто полувреме, по шокантната одлука да го исклучат Лич (Мартинез). Ова е втор натпревар по ред каде што имавме одлука што оди против нас, но ова беше еден од најлошите што сум ги видел“, додаде Карик.
Јунајтед продолжува со борбата за Лигата на шампионите, трет е со 55 бода, исто колку и четвртопласираната Астон Вила.







