Лигата на шампионите прави голема промена од 2027 година

Макфакс

14/04/2026

10:26

343

Големина на фонт

а а а

Од сезоната 2027/28, натпреварите во Лигата на шампионите нема да се играат со топките на германската компанија „Адидас“.

Новиот технички спонзор на најсилното европско натпреварување ќе биде компанијата „Најк“, која ги купи правата за 45 милиони долари годишно.

Оваа американска компанија за спортска опрема соовој потег, се враќа на големата сцена во Лигата на шампионите по 26 години и ќе има можност повторно да ги дизајнира топките со кои клубовите ќе се борат за титулата европски шампион.

„Адидас“ има можност да дизајнира топки од 2001 година, додека финалето следната сезона, кое ќе се игра на стадионот „Метрополитано“, ќе биде последно со нивните топки.

Што се однесува до Лигата на Европа и Лигата на конференцијата, „Кипста“ останува технички спонзор.