Сандра Булок неодамна присуствувала на настанот „CinemaCon“ во Лас Вегас и малку е да се каже дека со овој потег ги воодушевила сите присутни.
По двегодишна пауза, актерката ѝ се вратила на својата прва љубов – филмското платно, па сега нè очекува продолжението на филмот „Practical Magic 2“. Покрај актерскиот дел, Сандра има и улога на продуцентка на овој филм, за да обезбеди приказната да ја следи книгата што била инспирација за ова дело.

По тој повод, таа одлучила на светот да му го покаже своето лице, но и шик модната комбинација. На споменатиот настан носела оверсајз сако во црвена боја, кое го красеа рамен крој и чиста елеганција.
Сепак, стајлингот на Сандра имаше, да речеме и еден секси детаљ – црн градник кој и тоа како бил видлив под сакото. Изданието го надополнила со брановидна фризура, шминка во земјени тонови и став на вистинска заводничка.

Потсетуваме, Сандра во 2023 година го загуби својот долгогодишен партнер и како што своевремено рекла, големата љубов на својот живот, Брајан Рендал.
Како што тогаш пренесоа странските медиуми, познатиот фотограф три години се борел со амиотрофична латерална склероза, попозната како АЛС.

„Со голема тага сакаме да ве известиме дека на 5 август Брајан Рендал почина мирно по тригодишна борба со АЛС. Брајан одлучи својата борба со АЛС да ја задржи за себе, а ние кои се грижевме за него дадовме сè од себе да ја испочитуваме неговата желба“, изјави тогаш семејството.